Средба на Канческа-Милевска со амбасадорот на Иран во Македонија

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска се сретна со амбасадорот на Иран во нашата земја.На средбата стана збор за продлабочувањето на културните врски помеѓу двете земји, како и за воспоставувањето на поголема размена на проекти и уметници …

kanceska milevska delegacija iran 2

Министерката Канческа-Милевска денеска во просториите на Министерството за култура оствари работна средба со амбасадорот на Исламската Република Иран во нашата земја, Саид Садег Мохаммади. На средбата стана збор за продлабочувањето на културните врски помеѓу двете земји, како и за воспоставувањето на поголема размена на проекти и уметници.

Канческа-Милевска на средбата, меѓу другото истакна дека Република Македонија придава високо значење на развојот на пријателските односи со Иран коишто, иако скромни по обем, се карактеризираат со висок степен на пријателство и меѓусебно разбирање. Што се однесува до културната соработка меѓу двете држави, министерката за култура ја нагласи важноста од потпишување на Програма за соработка во областа на културата со што ќе се конципира правна рамка за подинамична соработка и размена на проекти меѓу институциите. На средбата беше нагласена и важноста од соработката помеѓу националните библиотеки во двете земји, кои наскоро треба да потпишат Меморандум за соработка.

kanceska milevska deleganica iran 3

Иринскиот амбасадор на средбата информираше дека од 1 до 4 декември во Младинскиот културен центар за прв пат ќе бидат одржани Денови на иранската култура во нашата земја. Во рамките на манифестацијата, преку изложба на фотографии, концерти на традиционална музика, како и преку промоција на прозни дела ќе бидат презентирани сегменти од богатството на културата на оваа земја.

Министерката за култура и амбасадорот разговаараа и за можностите за соработка во областа на презентацијата на кинематографиите на двете земји, како и за размената на уметници на познатите театарски фестивали во Иран.

You May Also Like