Утре (среда, 10 јули) на програмата на Бит Фест исклучително богата програма за сите вкусови и жанрови:
Во 10.00 часот во НУУБ Свети Климент Охридски ќе се одржи „Работилница за значањето на книгата“, а на плоштадот Магнолија ќе биде отворен „Мини саем на книгата“.
Во концертната сала на Завод и Музеј со почеток во 20.30 часот ќе се одржи концерт на Васил Атанасов – обоа и Тодор Светиев – пијано. Концертот е насловен како „Вечер на романтична музика за обоа и пијано“.
Во 21.00 часот во дворот на АРМ гостите ќе можзт да уживаат во исклучителниот концерт на Силви бенд, додека во Културниот Центар Магаза ќе се одржи проекција на филмови насловена „Вечер на македонскиот документарен филм“ во чии рамки ќе бидат прикажани филмовите: Самовилска вода – група автори Куманово, „Застој“ , „Време“ – О. Анѓелески и З. Пилоски – Прилеп, Временски патник – Марина Трајковска – Скопје, „Помогни ми да ти помогнам“ – Богоја Стојкоски – Пусторекански, Поетот од Дренок-Петре Чаповски – Скопје и Гопеш – наше село – Јетон Селими и Александар Наумовски од Битола.
Во 21.00 часот во Завод и музеј продолжува кино проекцијата и дебата на Контра кадар, а во 22.00 часот на Ракометното игралиште во Битола ќе се одржи музички хепенинг „Нокаут со пријателите“.
Во среда започнува и фестивалот Ренесанс кој претставува мултимедијален проект и опфаќа настапи на бендови, дџ-и, изложба на фотографии, изложба на оригами, стрип бордови и театар на сенки.
Идејата за самиот фестивал е поттикната од потребата за уметнички израз, претендирајќи пред се локални артисти, независно од правецот на уметноста во кој делуваат. Фестивалот е замислен како дружење и разменување на идеи помеѓу артистите и публиката. Истиот претставува независен уметнички проект.
17:00 часот Либротека (размена на книги, списанија, уметнички ракотворби, слики, цд-а) @ Камарите (10-13 Јули)
20:00 часот Изложба на Фотографија @ Порта Џез (10-20 Јули)
21:00 часот Александар Попоски & Димитар Додовски (Dj сет) Afro & Disco Night @ Порта Џез
21:30 часот Dj сет Сир Гоце @ Камарите