„Сон на летната ноќ“ премиерно на Охридско лето

Денеска (среда, 7 август) во 21:00 часот во Античкиот театар во Охрид, премиерно ќе биде изведена претставата „Сон на летната ноќ“ од Шекспир, во режија на Иван Лео Лемо од Хрватска.

son_na_letnata_nok_ohridsko leto

Охрид е волшебен град. Поради тоа нема подобро место на светот за поставување на „Сонот на летната ноќ“, најволшебното дело на Шекспир. Средишниот дел на фабулата, на оваа комично-мелодраматична бајка се случува во една шума во која владеат самовили, исто како што во волшебниот Охрид владеат светци и ги мијат неговите брегови со митското езеро- се вели во соопштението за претставата.

Како што во Охрид коегзистираат различни култури и со своето заемно преплетување го спојуваат таканаречениот Исток со таканаречениот Запад, на ист таков начин во оваа инсценација на „Сонот на летната ноќ“ се спојуваат елементи на западната или евроатланска култура со елементите на индиската, односно ведската култура. Тие два света претставуваат семантички контрапункт кој го премостуваат Ромите, харизматичните и креативни светски патници, чија еклектична култура ја раскажува приказната за шарената цивилизација на Земјата.

Претставата е во продукција на Охридскиот народен театар, а Иван Лео лемо е првиот режисер од надвор со кого соработува театарот.

son_na_letnata_nok_ohridsko _leto2

 

son_na_letnata_nok_ohridsko_leto3

son_na_letnata_nok_ohridsko_leto4

You May Also Like