Скулптурата на Тит Орест Флавиј, некогашен угледен граѓанин на Хераклеја и првосвештеник, како и скулптурата на Тогатос работени во 2 век од нашата ера, кои пред 6 години беа донесени пред Владата, сега се селат во новиот Археолошки музеј.
„Добро е секој град да има одредена музејска поставка каде ќе го презентира она што е автентично за градот. А, она што е автентично за целата држава ќе биде поставено во новиот Археолошки музеј. Така, голем број на предмети, дали се работи за камена пластика, скулптури, ќе бидат изложени во новиот музеј во главниот град на државата, бидејќи морам да кажам дека голема е туристичката посетеност. Тој нов археолошки музеј навистина заслужува, како секаде во светот, да има оригинални предмети“, изјави министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска.
извор: радио Слободна Европа