Скопје се подготвува за 13-от Синедејс

Организатор на фестивалот е  Младинскиот културен центар-Скопје, а скопската публика годива ќе може да гледа  над 100 филмови, да се дружи со 200 гости,  да присуствува на 10 концерти и на 5 филмиски работилници.

Cinedays_2014

Годинешното 13 по ред издание на   фестивалот на европски филм CINEDAYS ќе се одржи од 13 – 22 ноември 2014 годинa. На располагање за проекција на  филмската програма на годинешниот Европски филмски фестивал Синедејс, ќе бидат сите кино сали на МКЦ, Градското кино Милениум, Кино салата Фросина, Џебното кино и Кинотеката на Македонија.

– CINEDAYS, од година во година станува се поуспешен фестивал и бројот на посетители се зголемува, што говори за квалитетот на фестивалот, и се надевам дека и годинава посетителите ќе бараат билет повеќе за филмските проекции. Впрочем убеден сум во тоа, затоа што екипата којашто работи на содржината на фестивалот знае и може да направи добар избор на филмови. Ова 13 издание на СИНЕДЕЈС се одржува во година кога нашиот град слави 70 години од еден значаен настан во нашата историја, 13 Ноември- Денот на ослободување на градот Скопје, програмата на фестивалот е многу богата и квалитетна и сакам да ги поканам граѓаните  на Скопје да дојдат и да ги погледнат филмовите, асе надевам дека ќе бидат задоволни од изборот како и претходните години- истакна, на денешната прес-конференција, градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.

Директорот на Младинскиот културен центар, Златко Стевковски, најави дека годинава СИНЕДЕЈС ќе го отворат и затворат со музика, односно фестивалот ќе го отвори филмот на Дарко Лунгулов „Споменик на Мајкл Џексон“, а на неговата проекција ќе биде присутен и поголемиот дел од екипата на филмот. Исто така, ги  најави и огромните изненадувања во ГАЛА проекциите, односно  најнаградуваните европски режисерски остварувања за кои секогаш се бара билет повеќе.

Во Официјалната селекција и селекцијата на најдобрите филмови од балканската кинематографија –CINEBALKAN, повторно благодарение на селекторот Бернд Будер, љубителите на подвижните слики  ќе имаме можност да ги проследат филмовите од идните млади европски режисери кои полека, но сигурно го трасираат својот пат кон светските фестивали.

И  годинава во соработка со Тони Шариќ, директорот на фестивалот ДОРФ од Хрватска, е направен изборот на најновите музички документарни филмови во можеби досега највозбудливата музичка програма воопшто –  филмот кој ја одбележа 2014-та година „Nick Cave: 20.000 days on Earth”,  филмот за контроверзниот нигерски џез музичар Фела Кути„Finding Fela”, музичкиот документарен филм за култните Stone Roses „The Stone Roses: Made of Stone”, премиерата на филмот „Денот да е радосен” за легендарните Културно Уметнички Работници, музички филм посветен на shoegaze движењето „Beautiful noise”, како и многу други.

Целата филмаска проферама ќе биде збогатена и  со незаборавни музички вечери.
CINEDAYS годинава во  соработка со фестивалот Queer Lisboa: International Festival of Queer cinema од Лисабон, кој е посветен на квир кинематографијата. Оттаму  на фестивало ќе гостува  гостува директорот, како и уметничкиот селектор на фестивалот со своја селекција на португалски квир тематски наградувани филмови кои ќе бидат прикажани во рамките на ЕУ инфо центарот во Скопје.

Во рамките на СИНЕДЕЈС ќе се одржи и работилница на тема „Успешно донесување одлуки во VFX дизајнот” со една од најпознатите светски аниматори – Виржини Бурдан, која е една од ректите жени претставници во ова поле. Својата кариера ја започнува од пред дваесетина години, откако најпрво работела  со анимирани филмови и со реклами во печатени медиуми. Виржини Бурдан прераснува во првиот VFX концептуален уметник во Лондон во тоа време,  работејќи за Moving Picture Company. Набрзо потоа го основа и првиот оддел за VFX уметност, работејќи заедно со својот тим на над 30 филма, меѓу кои и : „X-Men“, серијалите „Хари Потер“ и „Нарнија“, „Прометеј“ и „Кодот на Да Винчи“. Има работено на најразлични проекти, пренесувајќи ги визиите на режисерите и VFX – шефовите на филмското платно. Виржини секогаш имала страст за развивање на уметничкиот талент на оние што работат со неа, дури и пред да почне да работи со VFX, интерес што ја навел да држи работилници во училишта за анимација, во текот на последните 17 години. Сега, ја основа The Artof Direction, консултантска компанија каде што работат едни од најдобрите VFX експерти на светот. Оваа работилница CINEDAYS ќе ја оствари во соработка со македонската успешна компанија Fx3x.

Со помош на несебичниотгрант од Фондот за поддршка на европските кина Eurimage, во рамките CINEDAYS ќе се одржи голема регионална конференција со мастер предавања на наградувани Европски кинематографери за студенти кои се во својата последната година од своите студии по филмска камера од Романија, Србија, БиХ, Косово, Албанија, Бугарија и Македонија.

CINEDAYS  2014 се реализира со помош на Министерството за култура, Градот Скопје, Делегацијата на ЕУ во Македонија, како и Агенцијата за филм.

You May Also Like