Скопско лето: „Празен град“ од Дуковски на германски јазик и инасталација „Дрво на животот“

Претставата „Празен град“ по текст на Дејан Дуковски вечерва (27 јуни)  во 21 часот во Универзалната сала ќе ја изведат двајца актери од Kелн, Германија. Режијата е на Томас Улрих, а претставата е во продукција на ансамблот Eine acting.Accomplices.


Во рамките на Скопското лето, вечерва во 21.30 часот, на плоштадот Македонија ќе биде поставена инсталација на Нина Нинеска со наслов „Дрво на животот“.

33-то Скопско културно лето традиционално е во организација на Дирекцијата за култура и уметност на град Скопје и годинава се до 31 јули ќе понуди околу 70 културни случувања на различни локации низ градот.

You May Also Like