Скопските бендови ПМГ Колектив и Миллко во новиот летен клуб Сектор 909

Вечерва, (среда, 03 јули) во новиот летен клуб Сектор 909 ќе настапат скопските бендови ПМГ Колектив и Миллко.

ПМГ Колектив се преводници на македонската алтернативна сцена кои работат од 2006та година. Досега имаат издадено 5 албуми и неколку синглови а нивниот последен е преработка на легендарната песна “O Pustinji” на Darkwood Dub. Ги создадоа хитовите “Манекенки”, “Еј”, ” Диско Бенд”, “Ние Сме од Скопје”, “Штом Те видам”, редовно настапуваат низ државата и имаат 4 европски турнеи зад себе . Настапија и како предгрупа на Underworld и Jamiroquai на големите концерти во Скопје. Бендот го сочинуваат Мирко Попов – вокал и текстописец, Александар Гавровски – бас, Синиша Ефтимов – гитара и Здравко Кеврешан на тапани.

Миллко се мелодичен инди бенд кој постои од 2006та година и досега имаат издадено неколку сингла за издавачката куќа ПМГ Рекордингс, а годинава во јануари го издадоа и својот деби албум насловен како “Луѓе”. Во бендот членуваат Сашо Митревски – вокал и гитара, Филип Поповски – бас и Стефан Терпини на тапани.

Атмосферата ќе ја подгрее легендата на македонската диџеј сцена Мирко Попов со свој диџеј сет.

Забавата започнува на полноќ, а влезницата е само 100 денари.

 

 

You May Also Like