Најновиот македонски игран филм „Соба со пијано“ во режија на Игор Иванов – Изи, својата скопска премиера ќе ја доживее на 15 септември (недела) во 20:00 часот во киното „Милениум“.
Главните улоги во „Соба со пијано“ ги толкуваат: Наташа Петровиќ, Јовица Михајловски, Светозар Цветковиќ, Васил Зафирчев, Торстен Вогс, Ива Крајнц, Игор Стојчевски, Симона Спировска. Филмот е во продукција на Скопје Филм Студио.
Инаку „Соба со пијано“ в сабота ќе го отвори 34-то издание на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ во Битола