По успешната премиерна изведба (30 јули 2013) во рамките на фестивалот Охридско лето, Драмскиот театар на 5ти октомври ја најавува скопската премиера на претставата „Кафкаски круг со креда“.
Брехтовото дело е во режија на Златко Славенски, а улогите ги толкуваат: Васил Зафирчев, Сања Арсовска, Благој Чоревски, Борјан Давковски, Рубенс Муратовски, Филип Трајковиќ, Диме Илиев, Роберт Вељановски, Драгана Миленковска, Златко Митрески, Соња Стамболџиоска, Игор Георгиев и Александра Павлова.