Годинашниот „Тиквешки гроздобер“ ќе биде збогатен со настапите на „Синтезис“, Кирил Џајковски, српската група „Фрајле“ и хрватската ѕвезда Масимо Савиќ.
Организаторите на денешната прес-конференција информираа дека како неизбежен дел од манифестацијата ќе бидат и винскиот и детскиот карневал со маски кои го симболизираат лозаро-винарството.
Манифестацијата ќе се одржи на 13, 14 и 15 септември. Станува збор за традиционална манифестација која од година во година привлекува се поголем број посетители од земјата и странство.