Синеплекс партнер на фестивалот „Браќа Манаки“

Компанијата Cineplexx International со своето присуство во Македонија преку мултиплекс киното Cineplexx во Скопје, на овогодинешното издание на фестивалот „Браќа Манаки“ ги најави и презентираше своите идеи за заедничка соработка и партнертво со фестивалот.

cineplexx 1

 „Имено, развојот на филмската индустрија во Македонија е во подем последниве неколку години и бележи одлични резултати. Несомнено со присутвото на Cineplexx – лидерот во кино прикажување во овој регион и секако на престижниот фестивал „Браќа Манаки“ ќе се стремиме преку нашето партнерство да создадеме простор за креативно филмско изразување, да го поттикнеме развојот на филмската индустија и да ја подигнеме свеста за филмската уметност“- се вели во соопштението.

Cineplexx на прес конференцијата на 34то издание „Браќа Манаки“ и официјално го најави стартот на соработката, учествувајќи како партнер на овогодишната посебна заслуга, наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“. Оваа награда за прв пат се доделува на фестивалот и истата му беше доделена на режисерот Кирил Ценевски за особниот развој на македонската кинематографија.

Претставникот на Cineplexx International,Славиша Милановиќ, Сениор бренд менаџер за ЈИЕ на Константин Филм, изјави:

Нашата компанија која пред се е семејна компанија со долгогодишна традиција секогаш се стреми да ги препознае вистинските вредности и да стави посебен акцент на филмската уметност. И нашата основна цел е да филмот и секако киното постане дел од секојдневниот живот на секој граѓанин. Затоа со присуството во Македонија се трудиме повторно да ја вратиме маѓијата на киното и да им дозволиме вистинско доживување за нашите посетители. Киното и филмот се основните елементи за развојот на една успешна филмска индустрија. Постојано ги следиме новите трендови и секако потребите на публиката и со тоа присутни сме во сите сфери кој значат филм. Партнертвото со фестивалот „Браќа Манаки“ е нашиот следен чекор, со кој взаемно ќе помогнеме за развојот на оваа уметност.

Cineplexx е семејна австриска компанија со долгогодишна традиција. Основана во 1951 година, компанијата денес има силно присуство во регионот на ЈИЕ. Во последните три години доживува рапидна експанзија во регионот на екс-Југословенските простори. Присутна е со 35 мултиплекс кина и на 6 традиционални локации во Австрија, Хрватска, Србија, Словенија, Црна Гора, Македонија и Италија, нудејќи вкупен капацитет на седишта од околу 60.000 во 267 кино сали. Во 2012 година, вкупниот број на вработени изнесуваше 1.100. Компанијата бележеше вкупен профит од 115 милиони евра. Бројот на посетители на Cineplexx во 2012 година достигна бројка од 10,5 милиони.

Планови на Cineplexx International кој следуваат веќе кон крајот на оваа година, во месец декември, е отворање на ново мултиплекс кино во Тирана.

You May Also Like