Cineplexx International е официјален партнер на овогодинешното издание на LET’S CEE FILM FESTIVAL – на кој се прикажуваат филмови од Централна и Источна Европа. На фестивалот ќе бидат прикажани и два филма од македонска продукција – „Трето полувреме“ на Дарко Митревски и „Мама Европа“ на Петра Селишкар и Бранд Ферро.
На овогодинешното издание на LET’S CEE Film Festival во Виена, селекција од околу 50 извонредни филмови од Централна и Источна Европа ќе бидат презентирани во период од девет дена, почнувајќи од 13ти септември. Дел од листата на потврдени гости се проминентни имиња како Бранко Лустиг, Алан Старски, рускиот вируоз и филмскиот режисер Александар Сокуров. Фестивалот започнува на 13 септември, петок; почеток кој ќе го одбележи Меѓународниот Ден на позитивно размислување.
Кристоф Папусек, Финансиски директор на Constantin Film Holding и Cineplexx International, стратегиски партнер на овој фестивал изјавува: „Нашата групација веќе неколку години е активна во повеќето земји кои доаѓаат токму од овој регион, кој е во фокус на фестивалот. Прикажувањето на овие прекрасни филмови од ЦИЕ регионот, тука во Виена за нас се чинеше како одлична идеја која навистина вреди да се поддржи. Навистина сме горди што ќе го поддржиме ова второ издание.“
Како дел од Програмата на Документарни филмови ќе биде прикажан новиот филм на филмската двојка Петра Селишкар и Бранд Ферро, насловен „Мама Европа“, кој премиерно беше прикажан на „МакеДокс“ – фестивалот на документарен филм во Скопје. „Мама Европа“ е филм кој ја разгледува Европа низ очите на шестгодишното дете Терра. Родена на Балканот, но израсната како граѓанка на светот, од татко пола Кубанец, пола Македонец и мајка Словенка, малата Терра брзо сфаќа што се тоа граници. Таа патува низ бивша Југославија со семејството и се среќава со разни маркантни личности кои ги раскажуваат своите интересни приказни. Воедно, и таа ги кажува своите невини, но интелигенти согледувања и искуства за континентот кој не е обединет, а кој очигледно треба да биде. Согледувањето на Европа низ очите на мало дете од Балканот може лесно да ви ги наруши предрасудите за тоа каде живееме.
Во делот на филмовите кои особено се истакнуваат, се најде и филмот на Дарко Митревски „Трето полувреме“. „Трето полувреме“ е приказна за неколку луѓе собрани околу најважната работа во светот – фудбалот, во најтурбулентното време во историјата на светот – Втората светска војна. Тоа е приказна за играчите на ФК Македонија и нивниот Германско-Еврејски тренер Рудолф Шпиц, кој ги води низ патот кон титулата шампион на Нацистичката фудбалска лига. Ова е приказна за основачот на клубот Димитрија, кој треба да избере меѓу својата љубов кон неговиот тим и неговата лојалност кон Новиот Поредок. Ова е приказна за неговиот најдобар напаѓач Коста, познат шверцер кој се вљубува со една убава богата девојка. Ова е приказната за Ребека, Еврејска принцеза на зрно грашок, која прифаќа со неа, во нејзината мала соба, да живее фудбалер (со тоа се измолкнува од горчливата судбина на нејзиниот народ). И најпосле – ова е приказна за фудбалот, игра што во тие страшни времиња е повеќе од игра: тој е бојно поле помеѓу Доброто и Злото!