По повод денот на независноста- 8 септември, на јавните простори во град Скопје е поставен уметничкиот проект „Сета убавина мора да умре“ на авторот Велимир Жерновски.
Цртежите на Жерновски како билборди во јавниот простор, претставауваат уметничка критика на основните претпоставки на државотворноста и независноста.
Вклучувањето на маскулинизмот во проектот има за цел да ја соголи, проблематизира, иронизира, но и трансформира вековната релација помеѓу политиката и машкоста.
Изборот на Жерновски на разголени машки тела во цртежите ја раздиплува самата телесност како локус на родовиот апаратус на моќ. Сета убавина мора да умре! Поинаков свет е возможен!
Проектот е поддржан од Коалицијата СЗПМЗ и Фондациите отворено општество Њујорк (OSF).