Се реконструира фасадата на библиотеката во Гевгелија

Во рамките на денешната посета на Гевгелија, министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска заедно со градоначалникот Иван Франгов и директорите на Заводот за заштита на спомениците на културата од Струмица, Васил Ѓоргиев и на Градскиот музеј Емил Сламков, ја посетија библиотеката „Гоце Делчев“ каде во тек е процесот на конзерваторско – реставраторски работи на фасадата.

kanceska-milevska gevgelija2

Реализацијата на овој проект ќе даде особен придонес во зачувување на архитектонско-стилските вредности на овој значаен споменик на културата кој има посебно место во историскиот развој на градот. Токму од тие причини објектот на библиотеката со поддршка на Министерството за култура се најде на листата на објекти кои се дел од повеќегодишниот проект за обнова и конзервација на повеќе фасади во значајните градски јадра“ изјави Канческа-Милевска.

Таа ја истакна и ангажираноста и поддршката на градоначалникот Франгов во реализацијата на проектите од областа на културата и заштитата на културното наследство кои се од огромно значење за оваа општина.

Градоначалникот Франгов е презадоволен од реализацијата на проектот за обновата на фасадата на библиотеката „Гоце Делчев“ затоа што, како што рече, објектот кој со својата специфична архитектура е застапен на сите промотивни материјали за општината Гевгелија. Работите за конзервација на фасадата на библиотеката ќе бидат завршени до крајот на годинава.

kanceska-milevska gevgelija1

Инаку во рамките на проектот чија реализација започна во 2012 година, до сега се промовирани шест реконструирани фасади на значајни споменички целини на објекти на градски јадра во Крушево, Скопје, Охрид, Битола и Прилеп. За тековната 2013 година, освен врз фасадата на библиотеката во Гевгелија, предвидено е да се интервенира на фасади од строградските куќи во Кичево, Кратово, Скопје и Крушево. Годинава, Конзерваторскиот центар Скопје ќе пристапи кон изработка на проекти за обнова на неколку фасади на улицата „Илинденска“.

Во рамките на денешната посета на Гевгелија министерката Канческа-Милевска и градоначалникот Фрагов, во близина на граничниот премин „Богородица“ на македонско-грчката граница го промовираа и монтажниот објект за продажба на сувенири. Министерката за култура подвлече дека отворањето на објектот е одлична можност за сите граѓани и посетители на нашата земја да купат сувенири со мотиви од Македонија.

Специјализирани објекти за продажба на сувенири освен во Гевгелија отворени се и во Скопје, Крушево, Берово, Дојран, Ресен, а наскоро се очекува нивно отворање и други градови.

You May Also Like