На 15 август (четврток) во 20:30 часот во хотел Метропол во Охрид, ќе биде отворен 16-от Летен охридски универзитет во организација на Универзитетот Евро-Балкан.
Темите на годинешното 16-то издание на Летен охридски универзитет се:
– Светиклиментовиот универзитет: Меѓународна летна школа „Да се разбере Византија на Истокот…“,
– Летен институт за сексуалност, култури и политики во соработка со Факултетот за медиуми и комуникации при Универзитетот Сингидунум во Белград.