Поради големиот интерес, а на задоволство на играчите, Државна лотарија на Македонија ја активираше својата мрежа на мобилна продажба низ Македонија. На повеќе локации низ Македонија може лесно да се забележат брендираните продавачи на ДЛМ, кои на лице место на сите расположени за игрите на среќа им ги доближија можностите за потенцијална добивка.
Токму еден ваков мобилен продавач Џеладин Мустафа му ја обезбеди шансата за игра на следен среќен добитник, официјално првиот на големата премија-автомобилот Голф 7ка во најнова инстант лотарија 7ма Брзина, која деновиве е мошне популарна кај сите играчи.
Имено, момчето Емилијано Горица купил грепки од нашиот мобилен продавач Мустафа во износ од 1000 денари. Но, ниедна од нив не била добитна. Тоа не го спречило да сопре со игрите на среќа динамичниот продуцент во телевизија Алсат, кој дури и позајмил 20 денари од својот цимер и продолжил да игра. Ова пак му ја донело среќната грепка од рацете на Мустафа, 7ма Брзина чија стрелка го посочи првиот Голф 7, како токму негова премија.
Само за потсетување, Инстант лотаријата СЕДМА БРЗИНА беше лансирана на 10ти јули годинава, а на играчите на игрите на среќа им овозможува на лесен, забавен и евтин начин да дојдат до одличната понуда на добивки на чело со 10 автомобили ГОЛФ 7, обезбедени во соработка со Порше Македонија. Еден е веќе освоен, во игра се уште 9. Во текот на месец август го добивме и превиот среќен добитник на паричната премија од 100.000 денари, што значи во игра се уште девет такви премии кои чекаат на среќните играчи. Вкупниот број на добивки во новиот Инстант лоз на ДЛМ е 311.030, а вкупен фонд е 26.702.000 денари, со што секој трет лоз е добитен.
Лозот СЕДМА БРЗИНА содржи поле за игра, поделено на девет сегменти, прекриено со заштитен слој под кој се наоѓа стрелката и автомобилски брзинометар. Стрелката лесно го насочува играчот кон видот на добивката прекриена со заштитниот слој, додека пак на брзинометарот се испишани видовите на добивки и тоа од 0 до останатите добивки кои следат по раст, 40, 80….50.000, 100.000, заклучно со премијата ГОЛФ 7. Стрелката може да упатува само на еден вид на добивка. Доколку упатува кон 0, тогаш лозот е недобитен.
ЗА ДОБРО!
Државна лотарија на Македонија
(комерцијален текст)