Се одржа традиционалниот Поетски митинг на Матка

Денеска, во Кањонот Матка, се одржа традиционалната поетска манифестација, Поетско матине по повод завршувањето на 52. издание на Струшките вечери на поезијата.

poetski miting Matka (2)
Манифестацијата е во организација на Друштвото на писатели на Македонија и Струшките вечери на поезијата, а под покровителство на Град Скопје.

На матинето на Матка, во името на градоначалникот на Град Скопје, се обрати Петар Гичаровски, помошник раководител на Секторот за јавни дејности, којшто ја искористи можноста да им честита на добитниците за наградите и да ја изрази својата благодарност што токму тие со нивните стихови, го пренесуваат духот на Струшките вечери на поезијата во  прекрасниот амбиент на Кањонот Матка.

poetski miting Matka (5)

На митингот учествуваа триесеттина поети од земјава и од светот, меѓу кои во името на годинешниот добитник на златниот венец на поезијата Хозе Емилио Пачеко (Jose Emilio Pacheco) се обрати и прочита негови стихови Марчело Урибе(Marcelo Uribe), издавач и долгогодишен пријател на лауреатот; Елена Енрикес (Elena Enriques); Рон Винклер (Ron Winkler); Амир Ор (Amir Or); Шармила Реј (Sharmila Rаy); Рајко Лукач (Rajko Lukač); Галсанцук Батар (Galsansukh Baatar); Лоана Лероним (Ioana Ieronim); Аурелија Ласак (Aurélia Lassaque); Саурс Усмане (Saurs Оusmane); Абдула Сатоглу  (Abdulah Satoglu); Јахиа Акенгин (Yаhyа Akengin); Радован Павловски, Николина Андова, добитник на наградата „Мостови на Струга“ за најдобра дебитанска книга што се доделува во соработка со УНЕСКО; Ристо Ѓ. Јачев, годинешен добитник на наградата „Браќа Миладиновци“, што се доделува за најдобра стихозбирка од македонски автор публикувана помеѓу два фестивали; Литов Намдагжанчивин; Весна Ацевска; Тодор Чаловски и други. Водители на Поетскиот митинг беа македонските актери Роберт Велјановски и Арна Шијак, а на митингот присуствуваа и претседателот на Друштвото на писатели на Македонија, Раде Силјан, како и директорот на Манифестацијата „Струшки вечери на поезијата“, Мите Стефоски.

poetski miting na Matka 7

Во 10 часот во друштвото на писатели на Македонија годинешниот лауреат на Струшките вечери на поезијата, мексиканскиот литерат Хозе Емилио Пачеко (Jose Emilio Pacheco) беше прогласен за почесен член на ДПМ, а вечерва /27.08.2013 г./  во 21 часот, на градскиот плоштад Македонија, кај споменикот на Гемиџиите, ќе се одржи поетски митинг, како последна поетска активност во рамки на најголемата поетска манифестација на овие простори Стручките вечери на поезијата којашто заврши завчера во градот на реката Дрим, Струга.

 

You May Also Like