Семинар за црковно пеење во Смојмирово

Семинар за црковно пеење од Школата за црковно пеење од византиската традиција „Андон Шахпаски“ во Смојмирово …

crkovnoPeenje-skola shahpaski smojmirovo

Школата за црковно пеење од византиската традиција „Андон Шахпаски“ од денеска до 6-ти јули во Смојмирово организира семинар за црковно пеење. На семинарот ќе настапи хорот „Херувими“ од Скопје под диригентство на Мирјана Павловска-Шулајковска.

Во чест на преродбенското дело на Андон Шахпаски и на неговите следбеници, Универзитетот „Евро Балкан“-Скопје во рамките на програмата на Летниот универзитет во Охрид донесе одлука за обновување на Школата по црковно пеење од византиската традиција во Смојмирово, која ќе го носи името на нејзиниот втемелувал Андон Шахпаски.

Своите програмски содржини Школата ќе ги реализира во летниот период во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Смојмирово и во други храмови во Малешевијата преку изучување на теоријата и практиката на источното црковно пеење според христантовиот нов метод, афирмирајќи го во прв ред црковно-музичкото творештво на авторите од Македонија.

You May Also Like