Во текот на вториот фестивалски ден (вторник, 30 јули) вљубениците во фолклорот ќе може да се едуцираат на Семинарот за традиционална музика и игра што ќе се одржи во студентскиот дом „Кочо Рацин“ од 10 до 18 часот.
Битолчани и гостите од страна ќе може да уживаат во богатите фолклорни презентации „На пладне во чаршија“ кои ќе се случуваат во Старата битолска чаршија со почеток во 11 часот.
Втората вечер на традиционална музика и игра ќе започне на Ракометното игралиште со почеток во 20 часот а на истата ќе настапат ансамбли од Македонија, Словенија, Хрватска и Полска.
Вечерта завршува со Вокално-инструменталната вечер „ Ехо од дамарите“ која ќе се одржи во Културен центар Магаза со почеток во 22.30 часот.