Традиционалниот Cineplexx Семеен Ден ќе се одржи денеска (14 септември, сабота) и ќе понуди одлична забава за најмалите љубители на филмовите и нивните родители. Од 12:00 до 17:00 часот тие ќе имаат можност да уживаат во филмовите кои се на репертоарот на киното и да се дружат со своите омилени ликови.
Во рамки на Семејниот ден најмладите ќе можат да влезат во светот на автомобилите и да го
запознаат авионот Дасти кој сонува да стане тркач, во филмот „Авиони“. Тука е и полжавот „Турбо“, голем сонувач кој добива моќ да биде брз. Заедно со овие анимирани филмови ќе биде прикажан и „Штрумфови 2“, во кој ќе се забавуваме заедно со Штрумфета, Хакус, Векси, Гаргамел, Веле Штрумф и останатите штрумфови во нивната нова авантура.
Во периодот од 12:00 до 17:00 часот децата ќе се забавуваат во холот на киното со разновидната програма и ќе се дружат со маскотите. Тие ќе можат да ги проследат танците и одличната кореографија на балетските студија Ребис и Еурека. Децата ќе добијат и цртежи на лице, а во детското катче ќе можат да ги бојат и цртаат своите омилени ликови. Во лобито не очекува и PlayStation каде посетителите ќе можат да ги одиграат најновите игри.
Со секоја купена карта за посетителите на Cineplexx следува списание „Детска Радост“ од Просветно Дело.