Седум македонски уметници на двомесечен престој во ателјето „Меѓународен град на уметностите“ во Париз

Седум македонски уметници во текот на 2013 година, со поддршка на Министерството за култура имаат можност да остварат двомесечен студиски престој во реномираното ателје „Меѓународен град на уметностите“ во Париз, Република Франција.

Paris_Night-Pariz_nokje

Во текот на првата половина на годината, студиски престој во македонското ателје при фондацијата реализирале македонските уметници Катерина Апостолска, Агрон Салиу, Аднан Алили, Ниче Василев и Петра Јовановска Ристовска. Во периодот од септември до крајот на годината можност за размена на искуства со уметниците од Франција  како и од другите држави, контакти и посети на институциите од областа на културата во Париз, како и договарање за идна соработка со соодветни галерии ќе добијат и реномираните автори Илија Пенушлиски и Синиша Кашавелски.

Во рамките на својот престој во Париз, ликовните уметници имаат можност да реализираат и свои изложби во салите на фондацијата „Меѓународен град на уметностите“, а музичките уметници одржуваат концерти за резидентите како и за поширока публика.

Министерството за култура на Република Македонија во 2000 година склучи Договор со фондацијата „Меѓународен град на уметностите-Париз“ со што на македонските уметници им се дава можност за располагање со ателје кое според договорот ќе се користи до 2060 година.

Фондацијата “Меѓународен град на уметностите“ располага со 317 атељеа од кои на Република Франција и припаѓаат 102 ателјеа. Останатите ги користат уметници од други држави кои имаат можност да се презентираат пред француската публика.

You May Also Like