Во организација на ДЛУМ во кафе Галерија 8 во Старата скопска чаршија, во вторник (03.09.2013) во 21:30 часот ќе се отвори изложбата „Моето македонско патешествие“ на американскиот уметник Дик Робертс, долгогодишниот пријател и љубител на Македонија.
Роден е 1947 во Дурам, Северна Каролина САД, каде што и оддржува едно од студиата „Acme Art Studios“ во Вилмингтон. Дипломира сликарство и керамика при универзитет за ликовни уметности во Западна Каролина 1979 година.
Дик Робертс од 1996 год. е редовен посетител на нашата земја и чест гостин е на македонските ликовни колонии каде што остварува дел од своите прозни и ликовни пориви. Авторот на изложбата ќе ни се претстави со серија слики од неговиот последен циклус изработени во „Art Point Gumno“ студио во с. Слоештица. Дик Робертс, има реализирано бројни самостојни изложби во земјава и странство.
Како најзначајни се представувањата во Германија, Франција, Црна Гора и САД.