Со прифаќање на оваа стипендија, овие студенти се приклучија на 1070 РМУСП стипендисти во учебната 2014-2015 година од Албанија, Бугарија, Чешка, Унгарија, Косово, Романија, Србија, Словачка и Турција.
На официјална церемонија во Скопје, 120 ромски студенти добија стипендија од страна на Ромската Меморијална Универзитетска Програма за Стипендирање (Roma Memorial University Scholarship Program) за продолжување на нивното академско образование.
Со прифаќање на оваа стипендија, овие студенти се приклучија на 1070 РМУСП стипендисти во учебната 2014-2015 година од Албанија, Бугарија, Чешка, Унгарија, Косово, Романија, Србија, Словачка и Турција. Тие се резултат на десетгодишниот напор на Р. Е. Ф. (Ромски Образовен Фонд) да создаде генерации млади Роми кои ќе бидат активни во сите области на академскиот и професионалниот живот.
На вториот свечен настан кој се одржува во Скопје присуствуваа студенти кои студираат општествени и природни науки во Македонија, со јасна цел да се создаде јавен мотивирачки форум каде ќе се поделат нивните искуства и ќе се создадат услови за градење меѓусебни односи и кои ќе ги следат во нивниот академски и професионален живот.
Свеченоста ја модерираше Сарита Јашарова, активист во невладиниот сектор на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје. Церемонијата ја отвори Надир Реџепи, член на УПравниот одбор на РЕФ од 2007 година и моментално, сениор менаџер на Фондацијата Отворено општество за Југо-источна Европа.
По музичкиот настап на стипендистот Сенад Усеин и Тумбао салса бенд, РМУСП координаторот за Македонија, Ајсел Мемет говореше за кумулативното влијание на Р.Е.Ф. стипендиите за Ромите, кои успешно го завршуваат високото образование и расте влијанието на РМУСП алумни во многу сектори на македонското општество.
Како дел од оваа гала свеченост, говореше и Севдие Ибраимова, моментално стипендист на РМУСП и студент на Економскиот факултет во Кочани, во рамки на Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип. Потоа, говореше и Алмира Реџепи, дипломиран студент на Правниот факултет на Универзитетот на Југоисточна Европа од Тетово, моментално член на Комисијата за заштита од дискриминација на Република Македонија.
Пред да се направи групна фотографија со сите учесници, модераторот Јашарова забележа „Позади Вас стојат над илјада помалку привилегирани деца кои што се уште немаат можност за пристап до инклузивно образование. Вие играте главна улога во активно граѓанство и мора да се обезбедите дека вратата за општествена мобилност останува секогаш отворена“.
Настанот продолжи со две работилници, каде студентите и говорниците, водени од господинот Реџепи, дискутираа за Ромскиот идентитет и за Пазарот на труд. Се дискутираше за главните очекувања од образованите Роми и за знаењето како интеграциска алатка.
Освен Реџепи, на работилницата за Ромскиот идентитет говореа и Ебен Фридман и Азбија Мемедова, додека за пазарот на труд говореа професор Лазар Јовевски од Правниот факултет во Скопје, претставник на Агенцијата за вработување на Република Македонија и Ебен Фридман.
На крајот, студентите, преку вмрежување, продолжија да ги делат своите мислења за вредноста на едукацијата и нивните заеднички цели за иднината на образованието на Ромите.
Гала настаните продолжуваат во Јаши (Романија), Софија (Бугарија) и во Белград (Србија), а денеска, паралелно, се одржаа и во Тирана (Албанија) и во Будимпешта (Унгарија).
Ромскиот Образовен Фонд оперира со проверена методологија за интервенции која што започнува со образовни услуги за ран детски развој во загрозените заедници и продoлжува со туторство, менторство, вонанставна подршка и стипендирање за да им се помогне на учениците Роми да го комплетираат основното и средното образование. Р.Е.Ф дополнително обезбедува подршка за Ромските студенти преку четири шеми на стипендирање во последните девет години.
Р.Е.Ф програмата за стипендирање, секоја година, доделува над 1500 стипендии на студенти – талентирани Роми. Вклучувајќи го и овој годишен циклус, Р.Е.Ф. успешно обезбеди над 15.000 стипендии и продолжува да промовира пристап до квалитетно образование за Ромите со неговите поврзани програми.