Со поддршка на Програмата за култура на ЕУ, во превод од српски на Јелена Лужина, Блесок го објави романот на Драган Великиќ, „Бонавија“, во престижната едиција с.р. (современ роман / своерачно), а и како електронска книга.
Романот „Бонавија“ е несекојдневна семејна приказна, со предолго отсутни татковци и со премногу присутни мајки…
Драган Великиќ (Белград, 1953), книжевник, дипломирал Светска книжевност со теорија на книжевноста на белградскиот Филолошки факултет. Од 1994 до 1999 г. бил уредник на издавачката дејност на Радио Б92. Пишувал колумни за НИН, Време, Денес и Репортер. Од јуни 2005 до ноември 2009 г. бил амбасадор на Република Србија во Австрија.
Романи: Виа Пула (19881, 19892, 19903, 20084; Награда Милош Црњански), Астраган (19911, 19922, 19963, 20084), Хамсин 51 (19931, 19952), Северен ѕид (19951, 19962; стипендија на Фондот Борислав Пекиќ), Дантеов плотад (19971, 19982), Случајот Бремен (20011, 20022), Досие Домашевски (20031, 20042), и Руски прозорец (2007, 15 изданија, Нинова награда за роман на годината, Награда Меша Селимовиќ и Средноевропска награда за книжевност) и Бонавија (2012)
Книги раскази: Погрешно движење (1983), Стаклена градина (1985) и Белград и други приказни (2009). Книги есеи: YU-тлантида (1993), Депонија (1994), Состојба на нештата (1998), Кучешка пошта (2006) и За писателите и градовите (2010). Книга интервјуа: 39,5 (2011).
Книгите на Драган Великиќ се преведени на шеснаесет европски јазици. Застапен е во домашни и странски антологии на проза. Живее во Белград.