Роман од полската писателка Јоана Батор на македонски јазик

Друштвото за издавачка дејност “Македонска реч” од Скопје неодамна го објави романот „Песочна Планина“, од полската писателка Јоана Батор, во превод од полски јазик на Анета Тодевска.

PESOCNA PLANINA-predna korica

Романот „Песочна Планина“ претставува сведоштво за животот на Песочната Планина во Валбжих. Раскажана е судбината на три жени – баба, ќерка и внука. Приказните за нив почнуваат и завршуваат во различни времиња и места, иако сите се вплетуваат на Бабел, како што локалните жители ги нарекуваат зградите на Песочната Планина. Дејството се одвива во период од половина век – втората половина на минатиот век.

Во приказните на Батор се кријат грешни љубовни врски, поделен идентитет, несигурност, сурови животни ситуации и фатални судбини. Авторката смело навлегува во психата на јунаците од Песочната Планина. Раскажано е сè она што човек го помислува, но нема храброст да го каже. Карактерите ги отсликува со извонреден и модерен наративен дискурс, корис¬тејќи го и разговорниот стил во предавање на атмосферата во која живеат и дејствуваат нејзините јунаци. Преку суптилните про-филирања на ликовите авторката дава извонредна слика на сите општествени фази од тој период.

Јоана Батор (родена е во 1968, во Валбжих, Полска) е полска писателка, публицистка, фелјтонистка за „Газета Вибор¬ча“, член е на жирито за наградата Ришард Капушќињски. Авторка е на научни трудови, есеи, романи и раскази. Завршила културологија на варшавскиот универзитет. Таа е доктор на науки по филозофија за феминистичка теорија. Четири години престоју¬ва¬ла во Јапонија за да ја запознава и истражува јапонската кул¬ту-ра. Од 2011 година Јоана Батор е посветена само на пишува¬њето. Нејзини најпознати дела се: „Песочна Планина“ (2009), „Хмурдалија“ (2010), „Јапонско ладало“ (2004, 2011) и „Темно, речиси ноќ“ (2012). За повеќето од овие книги е номинирана за реномирани книжев¬ни награди, „Песочната Планина“ беше номинирана за Наградата за литература во Гдањск и за најдобар германски превод на Меѓународната награда за литература.

Романот „Песочна Планина“ е објавен на германски, унгарски, француски и хебрејски јазик. Книжевната критика со високи оценки ги прифаќа нејзините дела, а најдобро оценет е токму овој роман, со кој авторката се здоби со меѓународна афирмација.

You May Also Like