Smoke Shekers освоија трето место на фестивал во Бања Лука

Рок групата “Smoke Shakers” од Кавадарци го освои третото место на најголемиот меѓународен демо рок фестивал во регионот “Јелен Демофест“ кој по шести пат се одржа во Бања Лука, БиХ изминатите три дена.

Smoke Shakers - Banja Luka 2013 pobednicka fotka

Финалната вечер на која учествуваа десет бендови се одржа синоќа, по двете полуфиналиња со 32 учесници, одбрани од над 450 пријавени на конкурсот.

Победници на фестивалот се “M.O.R.T.“ од Сињ, Хрватска, втори се “Kontradikshn“ од Брежице, Словенија. Успехот на “Smoke Shakers” е дотолку поголем што беа едниствен рок бенд од Македонија во натпреварувачкиот дел. Во жирито на фестивалот, меѓу другите беа фронтменот на Психомодо Поп Давор Гобац и еден од најпознатите рок критичари во регионот Петар Јањатовиќ.

 

You May Also Like