Ристо Јачев добитник на „Браќа Миладиновци“

Добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ за најдобра стихозбирка на македонски јазик објавена меѓу две фестивалски изданија на Срушките вечери на поезијата за 2013 година е збирката поезија „Помнам“ од Ристо Јачев.

risto jacev 1

Според Жири комисијата во состав Санде Стојчески претседател, Џабир Ахмети, Лидија Капушевска – Дракулевска, Лорета Георгиевска – Јаковлева и Блаже Миневски членови, наградата на Јачев му се доделува за големата вистинска вредност на поезијата и на поетскиот јазик опфатени во неговата книга.

На годинашниот конкурс за наградата „Браќа Миладиновци“ пристигнаа 44 поетски книги. Покрај „Помнам“ во најтесен круг влегоа и збирките поезија „Кога ни гореше под нозете“ од Катица Ќулафкова, „Лоши Песни“ од Братислав Ташковски, „Исход“ од Јовица Тасевски – Етернијан и „Долго патување на еден кловн“ на Винета Огненовска.

(http://arhiva.cooltura.mk/?p=36400)

Во рамки на 52. Издание на СВП денеска ќе бидат промовирани поетските книги од едицијата „Плејади“ и антологијата „Човекот во изобилие“. За утре е предвидено поетското „Матине“ во манастирската црква „Света Богородица“ во Калишта, како и поетскиот портрет на лауреатот Хосе Емилио Пачеко во црквата Света Софија во Охрид.

Меѓународното поетско читање „Мостови“ и доделување на наградата „Златен венец“ ќе се одржи в недела на Мостот на поезијата во Струга.

You May Also Like