Ристо Лазаров ја доби наградата „Дијалог“

Поетот Ристо Лазаров ја доби наградата „Дијалог” за поезија за 2012 година, што ја доделува  Здружението за уметност и култура на живеење „Дијалог” од Скопје. Лазаров е награден за стихозбирката „Ситночекорка”.

Со објавувањето на „Ситночекорка” се одбележаа 40 години од појавата на првата стихозбирка на Ристо Лазаров, „Ноќна птица во паркот” (1972). „Ситночекорка” е негова дваесетта поетска книга.

Одлуката ја донесе жири во состав: академик Георги Старделов (претседател), Соња Стојменска-Елзесер и Веле Смилевски.

Наградата „Дијалог” на Лазаров свечено ќе му биде врачена на 20 ноември во НУБ „Св. Климент Охридски”.

You May Also Like