Рефрени за летно освежување пред МКЦ

Музичката програма на плато МКЦ, наречена „Рефрени за летно освежување“ продолжува денеска (сабота, 17.август) со концерт на групата ТИ од Белград, Србија и локалниот гитарски артист Гаф Гам Гаф Маф. Почетокот е закажан за 21:30, влезот е слободен.

tizm1

ТИ
После одличниот настап на годинешното издание на Здраво Млади, ТИ повторно во Скопје. За сите што не беа во можност да ги видат и за сите што уживаа во нивниот концерт!
Групата „ТИ“ е електро поп дуо од Белград, Србија кое го сочинуваат Илија Дуни и Трајче Николовски. Двајцата по потекло од Македонија, се запознаваат во Белград и го оформуваат „ТИ“ во 2012 година. Пробите ги оддржуваат во дневната соба на Илија, каде што Трајче свири електорнски тапани, додека Илија свири гитара и синтисајзер. Илија предходно беше член на ПЕТРОЛ и Meatmarket, додека Трајче беше дел од White Noise In A White Room и Чистилиште.
Музиката на „ТИ“ е полна со лесно паметливи и сонливи мелодии на гитарата на Дуни, полна со пријатни бас делници на клавијатурите, сјајна двогласност и едноставни хипнотични текстови зачинета со ритамот на Трајче. Кога сето ова ќе се измикса, се создава една пријатна атмосфера на летно дождливо попладне поминато од другата страна на прозорецот или доцно будење во денот без многу обврски.

 

Зад ова име се крие авторскиот проект на скопскиот музичар Зоран Тевдовски. Во ова негово концертно претставување, Тевдовски ќе настапи со сосема нов материјал, кој е различен по сензибилитет од оној кој се најде на деби-албумот. Во него тој го напушта бендовскиот концепт за сметка на еден истражувачки пристап во кој доминира психоделичниот гитарски звук, базиран на лупови и на масивно користење и експериментирање со гитарските педали.

You May Also Like