Вчера (среда, 10 јули) на програмата на најдолгото културно лето во Македонија, битолски Бит Фест се одржаа следниве настани:
РАБОТИЛНИЦА ЗА ЗНАЧЕЊЕТО НА КНИГАТА
Во НУУБ Свети Климент Охридски започна работилницата насловена како „Работилница за значањето на книгата“. Книгите, претставуваат основна храна на човечкиот ум и разум. Голем број бисери на мудроста се посветени на важноста на книгата. Со цел да се нагласи важноста на книгата НУУБ Свети Климент Охридски организираше работилница на тема: Значењето на книгата, во која учествуват 10 – тина научни и стручни работници со свои трудови, видувања и сугестии. Работилниците следниве денови ќе се одржуваат во Американското катче.
ВЕЧЕР НА РОМАНТИЧНА МУЗИКА ЗА ОБОА И ПИЈАНО
Во концертната сала на Завод и Музеј се одржа концерт на Васил Атанасов – обоа и Тодор Светиев – пијано. Концертот насловен како „Вечер на романтична музика за обоа и пијано“, во рамките на вечерната програма гостите уживаа во RSchumanRmanze N.1, B.Andre – Algues, пет композиции за обоа и пијано,F.Bonzon „En Ardens”, Scene pastorals, A. Grgin „Biljana” Theme and Variations, R. Clerisse – Fantaisie, S Rachmaninoff – Vocalise op.34, N.14, D.Agostini – Suite “Makedonija”, di melodie populari macedoni, Ch.Colin – 2me Solo de concours.
ВЕЧЕР НА МАКЕДОНСКИОТ ДОКУМЕНТАРЕН ФИЛМ
Во Културниот Центар Магаза синоќа се одржа проекција на филмови насловена „Вечер на македонскиот документарен филм“ во чии рамки беа прикажани филмовите: Самовилска вода – група автори Куманово, „Застој“ , „Време“ – О. Анѓелески и З. Пилоски – Прилеп, Временски патник – Марина Трајковска – Скопје, „Помогни ми да ти помогнам“ – Богоја Стојкоски – Пусторекански, Поетот од Дренок-Петре Чаповски – Скопје и Гопеш – наше село – Јетон Селими и Александар Наумовски од Битола.
МУЗИЧКИ ХЕПЕНИНГ „НОКАУТ СО ПРИЈАТЕЛИТЕ“
На Ракометното игралиште во Битола синоќа се одржа музички хепенинг насловен „Нокаут со пријателите“. Настапот на „Промашена инвестиција“ и „Паркети“ беше вистинско загревање пред настапот на групата „Нокаут“. Битолчани повторно имаа исклучителна можност да уживаат во добра забава.
ФЕСТИВАЛ РЕНЕСАНС НА БИТ ФЕСТ
Вчера на БИТ ФЕСТ започна фестивалот Ренесанс кој претставува мултимедијален проект и опфаќа настапи на бендови, дџ-и, изложба на фотографии, изложба на оригами, стрип бордови и театар на сенки. Идејата за самиот фестивал е поттикната од потребата за уметнички израз, претендирајќи пред се локални артисти, независно од правецот на уметноста во кој делуваат. Фестивалот е замислен како дружење и разменување на идеи помеѓу артистите и публиката. Истиот претставува независен уметнички проект. Во рамките на синоќешната програма се одржаа настаните Либротека (размена на книги, списанија, уметнички ракотворби, слики, цд-а), Изложба на Фотографија и ди – џеј сетови со Александар Попоски, Димитар Додовски и Сир Гоце.