Рекордна 6+1 добивка во 66-то коло, добитникот од Берово

Во исчекување на новото 67 коло на НОВО ЛОТО 7/34, вечерва од 20 часот на Сител телевизија, ве известуваме дека токму минато 66то коло го донесе добитникот на премијата 6 + 1.

lotarija 1

Во владеењето на 6ките, комјутерскиот центар на Државната лотарија на Македонија успеа да лоцира дека уплатното ливче на оваа добивка вредна рекордни 1.274.293,00 денари е уплатено во Берово во продажното место Буги. Нашите статистики покажуваат дека оваа премија е досега највиска во својата категорија. Покра премијата 6+1, 66то коло на НОВО ЛОТО донесе и 3 добивки 6ка, вредни 32.333,50.

Претходно, првата најголема добивка на НовоЛото 7/34 за 6+1 изнесуваше вкупно 774.523,00 и за прв пат се постигна во 17тото коло, а согласно правилата во случај на две адекватни добивки, се подели на двајца добитници по 387.261, 50 денари. Најголемата поединечна добивка за 6+1 дојде во 26тото коло со вкупна вредност од 415.432,00 денари. Следната премија 6+1 вредна 187.787,50 денари, се случи на 16 март годинава. Практично тоа коло беше рекордно по добивки, бидејќи донесе премија 7ка, добивка 6+1 како и 24 6ки. Ова 66то коло донесе нов рекорд во категоријата премија 6+1.

Освен поканата вечерва да ги тестирате вашите среќни бројки како потенцијална среќна НОВО ЛОТО комбинација, денес може да ве потсетиме дека фондот за 7ка е и понатаму во пораст. Во ова 67 коло изнесува над 8 милони денари.

Според статистиката на Државна лотарија на Македонија, по Скопје, град кој најмногу игра НовоЛото 7/34 е Битола, а потоа следуваат Прилеп, Струмица, Охрид, Тетово, Куманово, Струга, Кавадарци, Штип. 67-то коло на Новолото може да го погледнете вечерва од 20 часот со прекрасната Марјана, на Сител телевизија.

За добро,
Државна Лотарија на Македонија

(комерцијален текст)

You May Also Like