Во периодот од 11-14 август во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид ќе биде прикажана ревија на филмови на македонскиот режисер Столе Попов.
На ревијата ќе бидат прикажани: „Црвениот коњ“, „Среќна Нова 49“, „Џипси меџик“ и „Тетовирање. Проекциите се од 21:00 часот во летната бавча, а влезот е слободен. Ревијата се организира во соработка со Кинотеката на Македонија.