Реакција на ДЛУМ за опожарените мурали на Борко Лазески

Друштвото на ликовни уметници на Македонија изразува огромна загриженост од евентуални оштетувања на муралите во опожарената Пошта I на нашиот истакнат уметник, Борко Лазески еден од основоположниците – доајен на Друштвото на ликовни уметници на Македонија.Во својата реакција потенцираат:

Ставот на ДЛУМ е дека откако ќе се направи проценката на оштетување од страна на надлежните институции, вредните мурали да бидат обновени, реставрирани и вратени во првобитна состојба како врвно уметничко дело на ѕидното сликарство  во Р. Македонија.

Имајќи во предвид дека оригиналните картони, скици и цртежи се сочувани од страна на семејството, укажуваме дека постои реална можност за нивно возобновување во целина. Сметаме дека со обноваување на ова монументално дело на големиот автор, ќе зачуваме едно од ретките уметнички дела од јавен карактер кое со децении непосредно комуницираше со публиката, што воедно беше една од заложбите и на самиот автор – стои во соопштението на ДЛУМ.

You May Also Like