Играта е суштина на животот. Пред да почнеме, помислете колку милина содржи погледот на детето, колку е безусловна прегратката на бебето, помислете за топлината додека ја читате гушнати, омилената книга за добра ноќ или за молчаливата прошетка во паркот, рака за рака со вашето дете…
Овие непроценливи моменти на близина со децата, се дел од животот на секој родител. Но не секој, успева да ја постигне таа близина. Често се наоѓаме во конфликт со децата, наместо да градиме добар однос. А патот, е познат…налутено бебе, кое се грчи во изблик на гнев, подоцна ученик, кој е налутен зошто мора да легне порано, па 12 годишно момче кое седи налутено во својата соба со гласна музика…
Природниот израз на лоши чувства кај децата често е предизвикан од односот на родителот, кој казнува. Наеднаш целата родителска љубов, се претвора во раздразнетост и гнев. Родителот советува или казнува.
– Право во соба и да не си мрднал!
Вика на глас, кога чашата на трпеливоста прелеала. Подоцна тоа станува и навика. А сето ова е поради сопствената слабост, поради не-можноста да се направи контакт, поради незнаењето. Родителот повеќе не ги гледа оние мили очиња на своето бебе, туку остриот тап поглед на веќе пораснатото дете со кој изгубил контакт…
Playful Parenting може да биде оној долго баран мост, кој ќе најде пат кон длабоката емоционална врска меѓу родителот и детето.
Playful Parenting (Разиграно Родителство) е начин да се влезе во светот на детето, во неговите правила, да се најде врската, близината, довербата меѓу вас. Во детскиот свет, играта е медиум, преку кој, децата се среќни, ангажирани, креативни. Играта исто е начин, преку кој децата го претвораат светот во сопствен, го истражуваат, им даваат смисла на своите доживувања. Но играта не е секогаш лесна за возрасните… затоа што е заборавена. Поточно, изгледа дека децата и возрасните живеат во различни светови, иако живеат под еден ист покрив.
-Како може да помине цело попладне во облекување на кукли?
-Како може да седи и да си разговара со нив, како да се живи?
Често, родителот гледа нешто ненормално во играта.
Од моментот кога бебето и родителот почнат да се препознаваат и гледаат во очи, тие ја користат играта како начин на зближување. Играта е едно од најдобрите средства, кои некогаш биле измислени за градење на близина. Точно тоа е причина, поради која децата најчесто ја опишуваат играта како – “Нешто, кое го правиш, додека си со пријатели“.
Играта постои и во животинскиот свет. Шимпанзата, особено малите машки, често се тепаат помеѓу, но исто и се експерти за брзо смирување. Тие знаат да си пружат рака. Кога две малечки шимпанза имаат проблем со помирување после конфликт, понекогаш едното од нив, почнува да се преправа дека нашло нешто интересно во тревата. Тоа писка на цел глас, а сите други мали шимпанза одат кај него, за да видат што нашло. А таму всушност нема ништо, едно по едно, почнуваат да си одат. Сите освен она со кое, се тепало. Двете бивши соперници, продолжуваат да скокаат во тревата, околу измислениот пронајдок. На крај, почуваат да се поскаат едно со друго, кое во светот на шимпанзата е знак, дека постои пријателство меѓу нив.
Некои деца се лидери, а некои следбеници на првите. Но, секое дете има инстинкт за игра, кој постои од самото раѓање. Да се игра, може насекаде и во секое време. Играта е паралелен свет на фантазии и имагинација, во кој децата знаат да влезат.
Специјалистите ја опишуваат играта како место на магија, место каде секое дете, може да биде себе си. Децата можат да направат планина преку игра, да се искачат на неа, да се извикаат на глас и да мислат дека цел свет ги слушнал.
Играта во исто време е нешто многу сериозно. Знае да биде многу забавна, но во неа има смисла и длабочина. Колку по-интелигентно е едно животно, толку повеќе тоа игра. За разлика од дрвјата, пример, секој човек учи нови нешта за светот и себе си, преку пракса и откритија. Некои од тие нешта се учат автоматски, но многу повеќе се учат преку игра.
Да земеме на пример, една проста игра како подавање на топка,дете-родител, си фрлаат топка. Пример топче за бејзбол. До голем степен, тоа е слично како да се посматра водата на езерото под микроскоп. Близок поглед над една игра, открива многу, за она што се случува. Детето развива координација меѓу рацете и очите, и груби моторни движења. И родителот и детето, се насладуваат на времето што го поминуваат заедно. Ритамот со кој топката лета, напред-назад, е мост, кој гради длабока врска помеѓу возрасниот и детето. А коментари како “Добар си“, “Добар зафат“… градат доверба.
Да бидеш родител и да си забавен во исто време, може да звучи доста контрадикторно. Бев на еден концерт и танцував со својата 9 годишна ќерка, кога една мајка, дојде заедно со својот син. Таа почна да танцува бавно, но тој седеше со скрстени раце, малку срамежлив за да танцува сега, кога веќе беа таму. Беше 6 или 7 години. Мајка му, започна да се нервира и рече :“Ме довлечка тука, а сега несакаш да играш? “ . Тој ги собра рацете и буквално го впери погледот во земја. Си помислив “Знаеме каде води ова…“ и реков “ О, не, тој танцува нов танц“ и ги собрав моите раце исто како него и се насмевнав. Тој се насмевна и почна да ме имитира. Сите се насмеавме. Тој почна да ги крева и спушта рамениците, во ритам на музиката…а мајка му рече, “Па ти играш!. Тогаш тој почна да танцува слободно и сите си поминавме одлично. Исто и мојата ќерка, која почека додека вршев примена на Playful Parenting. Малку игра…и нештата завршија убаво.
Извадок од Playful Parenting – Lawrence J. Cohen
Оваа мала случка, е доказ дека Playful Parenting, може да се случи насекаде и во секое време. Playful Parenting, почнува со игра… но содржи многу повеќе- од тоа да смириш расплакано бебе, до весели тепачки со перници…
Подготвил: Л.Ѓ.