Денес (среда, 10 јули) во 10:00 часот во НУУБ Свети Климент Охридски ќе се одржи „Работилница за значањето на книгата“, а на плоштадот Магнолија ќе биде отворен „Мини саем на книгата”.
Битола е конзулски град, град со традиција и богато културно историско минато, град кој денес претставува место за размена на бројни културни активности, идеи и платформи со институции и организации од земјата и странство.
Книгите, претставуваат основна храна на човечкиот ум и разум. Голем број бисери на мудроста се посветени на важноста на книгата. Со цел да се нагласи важноста на книгата НУУБ Свети Климент Охридски организира работилница на тема: Значењето на книгата, во која ќе земат учество 10 – тина научни и стручни работници со свои трудови, видувања и сугестии.
На Плоштадот Магнолија пак, ќе биде отворен мини саем на книгата.