(фото) Пуштен во употреба патот до манастирот Трескавец

Денеска (среда, 28 август) на големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица свечено беше пуштен во употреба патот кој води до манастирскиот комплекс Трескавец, чии конаци во февруари годинава целосно беа уништени во голем пожар.

05 treskavec-320

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска во своето обраќање пред многубројните граѓани и верници истакна дека пуштањето на патот ќе обезбеди поголема достапност до овој значаен духовен комплекс каде во скоро време треба да започне и реконструкцијата на конаците.

Проектот за повторна изградба на конаците е целосно завршен и наскоро ќе се започне со реализација на истиот. Стручните лица од музејот во Прилеп се погрижија преку проектот да се реобнови автентичниот изглед на конаците, а предвидена е и изградба на параклис на југоисточната страна од манастирот “, истакна Канческа-Милевска.

treskavec-640

04 treskavec

Таа додаде дека со пуштањето на патот и со реконструкцијата на конаците во Трескавец, овој значаен споменик на културата повторно ќе биде место во кое граѓаните, верниците и посетителите ќе го наоѓаат својот духовен мир и спокојство.

05 treskavec

Во своето обраќање, таа потсети и на повеќе значајни проекти кои во изминатиот период беа реализирани во Прилеп меѓу кои и: конструктивна консолидација на Саат кулата, реконструкција на источниот конак од манастирот Св. Архангел Михаил која во моментот е во втора фаза, обнова на фасадата на куќата на Бектешовци, обнова на зградата на Меморијалниот музеј „11 Октомври“, како и големи археолошки ископувања на локалитетот Стибера, кои резултираа со бројни наоди презентирани во новата археолошка поставка на Заводот и Музеј Прилеп.

021 treskavec

022 treskavec

You May Also Like