Денеска (среда 24 април) од 19:30 часот ќе се одржи промоција на книгата хаику „Патот“ од македонскиот писател Борис Митковски, во издание на „Антолог“ од Скопје. Настанот ќе се одржи во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово.
Промотори ќе бидат д-р Владимир Мартиновски и Ѓоко Здравески.
Стихови ќе читаат актерите Роберт Ристов и Мирјана Ристова.
Настанот ќе го води актерот Ивица Димитријевиќ.
Книгата Патот е објавена во едицијата со хаику „Цреша“ и донесува 120 хаику на македонски и на англиски јазик.
„Ова што е во нашите раце е грст литании на мигот што имаат сила да нè пренесат во мистичните простори на срцето, евклидовски простор кој, само во една педа, бесконечен број пати го содржи растојанието од Куманово до Струмица и назад и, уште толку пати, растојанието од Македонија до Авганистан и назад… пат што најпрецизно се мери само со солзи и со насмевки.“ – Митрополит Методиј Златанов.