Денеска (понеделник, 29 јули) во 12:00 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид ќе биде промовирана стихозбирката „Помнам“ од Ристо Ѓ.Јачев.
Промотори на книгата „Помнам“ од Ристо Ѓ.Јачев се Бранко Цветковски и Тоде Илиевски. Стихови ќе чита Билјана Билаловиќ.