Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска (понеделник. 16.9.2013) во 19:00 часот, во Фестивалскиот центар во Театарот во Битола, во рамките на 34-тото издание на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“, ќе се обрати на промоцијата на ДВД- колекцијата со дигитализирани дела на браќата Манаки.
На промоцијата се предвидени обраќања и на Мими Ѓоргоска-Илиевска, директор на Кинотеката на Македонија, Лабина Митевска, директор на Фестивалот „Браќа Манаки“ и на филмологот Игор Старделов.
Од 20:00 часот, во големата сала во Центарот за култура во Битола, министерката за култура ќе присуствува на ексклузивната проекција на филмови од браќата Манаки, кои ќе бидат проследени со пијано-звуците на Маротови.