Промоција на „Резервен живот“ од Лидија Димковска во Куманово

Денеска (петок, 9 август) во 20:00 часот во во библиотеката „Тане Георгиевски“ во Куманово ќе биде промовиран романот „Резервен живот“ од Лидија Димковска.

rezerven-zivot-lidija-dimkovska

За романот ќе зборува поетот Ѓоко Здравески, а извадоци од делото ќе читаат актерите Кети Дончевска Илиќ и Горан Илиќ.

Димковска за оваа книга ја доби наградата „Стале Попов“ на Друштвото на писателите на Македонија.

You May Also Like