Денеска (12 август, понеделник) со почеток од 11:00 часот во просториите на ЕУ инфо центарот во Скопје ќе биде претставена пубикацијата “Младинско организирање во Македонија-Чекорите до Национален младински совет”. Промоцијата ја организира Националниот младински совет на Македонија, а по повод Меѓународниот ден на млади.
Целта на настанот е да се информира јавноста за процесот на младинско организирање во Македонија и да се одбележи Меѓународниот ден на млади со порака за зголемено младинско учество и вклучување во општеството.
Говорници на настанот ќе бидат:
1. Ивана Давидовска – Претседател на Национален младински совет на Македонија
2. Фатмир Бесими – Заменик Претседател на Влада на РМ задолжен за европска интеграција
3. Петра Андерсен – Делегација на ЕУ во Македонија
4. Бертранд Демулан – Амбасадор на УНИЦЕФ во Македонија
Националниот младински совет на Македонија е најголема претставничка чадор организација на млади кој беше формиран на 29 јуни 2013 во Струга. Составена е од 55 организации, меѓу кои; младински организации, организации за млади, сојузи и подмладоци на политички партии.