Денеска (среда, 3 октомври, 2012 година) во Музејот на град Скопје во 19:30 часот, ќе биде промовирана поетската книга „Име од вечност“ на Ефтим Клетников во издание на „Три“.
„Име од вечност“ во издание на Издавачкиот центар ТРИ е најновата поетска книга на Клетников. Таа, како што го покажува тоа и нејзиниот наслов, целосно и’ е посветена на темата на Името, изворна тема на нашата болка, изолирање и притисок денес. Но тука, секако, не станува збор за класична патриотска поезија, туку за поезија што го шири својот семантички и симболошки хоризонт отаде строгата национална рамка од која првично тргнува.
Промотор: Александар Русјаков
Артисти: Билјана Беличанец-Алексиќ и Роберт Вељановски
Гости: Борис Трајанов (баритон), Марјан Николовски (тенор), Драган Даутовски (тамбура, Ратко Даутовски (тапан), Бајса Арифовска (кавал), Запро Запров и женскиот хор „Рустико“.