Промоција на музички албум и книга драми од Пламенка Трајковска и Загорка Поп-Антоска Андовска

Утре, (четврток 31 мај) со почеток во 11:00 часот во МНТ Центар, на Малата сцена ќе се одржи промоција на музичкиот албум „Апасионато“ од Пламенка Трајковска и книга драми „Душички“ од Загорка Поп-Антоска Андовска.

Збирката драми „Душички“ ќе ги промовира проф. Јелена Лужина, а музичкиот албум „Апасионато“ на Пламенка Трајковска  ќе го промовира Шефот на евровизиската музичка делегација и музички уредник на Македонската телевизија Г-га Мери Попова.  Дел од пиесите на Поп-Антоска Андовска ќе претстават актерите Роберт Велјановски, Весна Гаврил и Едмонд Сотир додека музиката од албумот на Пламенка Трајковска ке бидат во изведба на Милена Тодоровска, Тања Силјановска, Љубица Симјановска и Александра Петкова.

Преку овој драмско – музички перформанс  Поп- Андовска Андовска и Трајковска ке ги претстават  своите уметнички креации пред јавноста како едно сочинение кое ја олицетворува севкупноста на уметноста и блиската релација на драмата и музиката.

 

You May Also Like