Во среда (3 јули 2013 година) со почеток во 20:00 часот во Музејот на македонската борба за државност и самостојност, ќе се одржи промоција на монографијата „Галичник засекогаш“.
Делото „Галичник засекогаш“ е на новинарот Киро Кипроски, а на присутните ќе им се обратат покрај авторот и Митре Ажиески (Претседател на месната заедница Галичник), архитектот Коста Граоркоски и академикот Радован Павловски.
Исто така, ќе се претстават и зетот и невестата за 40-тото јубилејно издание на културолошко-туристичката манифестација „Галичка свадба“.