Вечерва (понеделник, 12 август) со почеток во 20:00 часот во Културниот центар Магаза ќе се одржи Промоција на монографијата „Животот е музика “ на академик Георги Здравев.
Проф. Д-р Георги Здравев е роден 1938 година во Битола. Основно училиште заврши во Битола, средно музичко училиште во Скопје а музичка академија во Сараево, Босна и Херцеговина. Автор е на повеќе учебници за средно и високо образование и повеќе книги од областа на музиката.
Mагистрирал и докторирал на Факултетот за учители во Битола каде беше редовен професор до своето пензионирање. Диригент и организатор на повеќе опери и концерти со голем број познати солисти и оркестри во земјава и странство. Добитник е на голем број благодарници, признанија и награди за својот труд. Георги Здравев е Академик во Светската Академија Плато.