Вечервa (среда, 11 Јули) во 19:00 часот, Културно-информативниот центар на Македонија во Софија ќе биде домаќин на Дуо Скупи и промоцијата на нивниот компакт диск, со најнов музички материјал.
Јета Старова-Мехмети на флејта и Ермал Мехмети на виолина, го чинат дуото Скупи коe изминативе години имаше серија успешни настапи ширум Европа и САД. Добитници се на бројни меѓународни награди,како и на наградата „Мајка Тереза“.
Дуо Скупи досега има остварено повеќе настапи во Р.Бугарија,а на вечерашнава промоција тие ќе се претстават со музички материјал кој е најава за нивни идни музички проекти.
Дуо Скупи пред публиката во Софија ќе ги претстави директорот на Културно-информативниот центар на Македонија во Софија, Васко Шутаров.