Промоција на книга во Словачката амбасада

Денеска (среда 24 април 2013) во Амбасадата на Република Словачка (Ул: Будимпештанска бр. 39, населба Тафталиџе, Скопје) со почеток во 20:00 часот ќе биде промовиран романот „Свеќите горат до крајот“ од унгарскиот автор Шандор Мараи.

 

Организатори на настанот се Амбасадата на Република Словачка и Амбасадата на Република Унгарија во Република Македонија во рамките на европската културна манифестација „Кошице – европски град на културата“ . Инаку авторот на романот „Свеќите горат до крајот“ Шандор Мараи (роден во Кошице, денешна Словачка)

Романот на македонски јазик го преведоа  Анамарија Цинеге-Панзова и Златко Панзов, а издаден е од страна на издавачкиот центар „Три“ од Скопје во 2012 година.

Предвидено е протоколарно обраќање на претставниците од двете амбасади и на издавачот, а беседа за романот ќе одржи доц. д-р Звонко Танески.

You May Also Like