Промоција на дела од Шатев во Кратово

Денеска (понеделник, 15 јули 2013) во 12:00 часот во Музејот во Кратово, ќе се одржи промоција на четири тома од пишаната оставина на македонскиот револуционер, национален деец и државник Павел Шатев. Промоцијата се совпаѓа со роденденот на Шатев – роден е на 15 јули 1882 година во Кратово.

 

pavel_satev_spomeni_korica

Четирите тома: „Историја на Македонија“, „Борис Сарафов – биографија“, „Спомени“ и „Полициско досие (досие УДБА)“ се објавени од Друштвото за издавачка дејност „МАКЕДОНИКА“ од Скопје и Државниот архив на Република Македонија, во превод на Предраг Димитровски, а стручната редакција и предговорот се на проф. д-р Зоран Тодоровски.

Делата ќе ги претстават проф. д-р Зоран Тодоровски, Предраг Димитровски и Нове Цветаноски.

До крајот на годинава, ќе бидат објавени уште четири тома со трудови и документи на Шатев. Неговата оставина изнесува повеќе од 4000 страници во ракопис.

You May Also Like