Промоција на дебитантскиот роман „Ања“ на Оливера Ширговска

Следната среда (17 јули), во просториите на НУЦК „Кочо Рацин“ во Кичево, ќе се одржи промоцијата на романот „Ања“ од Оливера Ширговска, кој е нејзин прв роман. Почетокот на промоцијата е закажан во 20:00 часот.

„Романот „Ања“ го напишав за четири месеци, тој е мој прв роман и го пишував со многу емоции и желба. Темата – односно содржината е љубовна, што на некој начин претставува непресушен извор за нови идеи“ – изјави Ширговска.

Идејата за пишување на романот и се појавила сосем случајно при едно патување, како што вели: „Идејата за пишување кај мене се роди сосем случајно на едно од патувањата со Вешта Жена. Тоа е мулти-културно и мулти-етничко друштво кое во нашата земја постои цели 22 години. Од тој ден јас постојано пишувам, тоа на некој начин стана мое секојдневие.“

– „Ако за младите вљубеници може да се рече дека отсекогаш биле опседнати со љубовта, тога за младите творци кои ја одбрале љубовта како тема на своите романи, ви требало да се рече дека се опседнати со трагичноста на љубовните случувања. Токму таков е романот „Ања“ и токму таква била идејата на авторката Оливера Ширговска“ – пишува еден од рецензентите на романот.

Оливера Ширгоска е родена пред 40 години во Кичево. Дел од својот живот го поминала во Германија со своите родители откаде се враќа во родниот град на шест годишна возраст. Денес живее, работи и твори во Кичево. Освен проза, Оливера пишува и поезија. Покрај овој роман, таа подготвува уште два нови романи.

 

 

извор: Кичево.мк

You May Also Like