Денеска (понеделник, 5 август) во 21:00 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид, Кинотеката на Македонија во соработка со Охридско лето, го прикажува антологискиот македонски филм „Црно семе“.
Црно семе e македонски игран филм од 1971 година, рабптен по сценарио на Ташко Георгиевски, а во режија на Кирил Ценевски.
„Црно семе“ е посебно важен за актерот Дарко Дамевски, бидејќи за својата главна улога во овој филм, ја има добиено Златната арена за најдобра машка улога во 1971 година во Пула и уште многу други награди. Филмот има добиено многу награди, како наградата „Златна арена“ за режија и најдобра машка улога, „Златен венец“ за најдобро дебитантско остварување, доделени во Пула, 1971 година.
Кој ќе излезе победник, кој ќе стане предавник? Дали предавникот ќе сфати дека не ја предал само земјата, туку и самиот себе? Дали предавството е исто како и насилството? Кој ќе оди потоа со крената глава, кој со спуштена, секако, доколку живи останат…
Режија……………………………………Кирил Ценевски
Сценарио…………………………………Кирил Ценевски, Ташко Георгиевски
Директор на фотографија………….Љубе Петковски
Монтажа………………………………..Вангел Чемчев – Лаки
Директор на филм………………………….Благоја Ангеловски
Снимател……………………………………….Мишо Самоиловски
Костимографија……………………………..Елена Дончева – Танчева
Сценографија………………………………….Никола Лазаревски
Тон…………………………………………………..Јордан Јаневски
Асистент снимател………………………..Драган Салковски
Монтажа на тон………………………………Јордан Јаневски
Организатор на снимање…………………Милош Калиќ
Асистент на монтажа……………………..Олга Лукова Дончиќ
УЛОГИ
Ацо Јовановски
Дарко Дамевски
Мите Грозданов
Павле Вуисиќ
Ристо Шишков
Воја Мириќ
Споредна улога
Ненад Милосављевиќ
Вукан Диневски
Никола Кајчевски
Други улоги
Димитар Христов